Кокаин, злато и пиштол запленети на ГП Табановце

Во текот на изминатата недела, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење, при што привремено биле задржани дрога, златен и сребрен накит, гасен пиштол, цигари и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Пет грама кокаин биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со германски регистарски ознаки, управувано од турски државјанин, кој бил придружуван од еден германски и еден турски државјанин, а пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Кокаинот, кој бил пронајден во најлонско ќесе сместено во латицата на задното седиште, бил привремено задржан, а против сопатникот со германско државјанство е отпочната соодветна постапка.

Во друг случај, вкупно 107 грамa златен накит биле откриени при контрола на патничко моторно возило со швајцарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот златен накит, пронајден во хартиена салфетка обвиткана со бела селотејп трака, сместена во наслонот за раце што се наоѓа помеѓу двете предни седишта на возилото, бил привремено задржан, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

Во третиот случај, гасен пиштол марка ZORAKI 918-T со калибар 9 милиметри и 75 парчиња чаури  за гасен пиштол марка TITAN со калибар 9 милиметри, откриени биле при контрола на патничко моторно возило со австриски регистарски ознаки, управувано од австриски државјанин, а пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените гасен пиштол и муниција, пронајдени во фиоката сместена помеѓу двете предни седишта, покриени со најлон ќесе, биле привремено

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)