Коледарите во среда ќе го одбележат Бадник

Традиционално 16-ти пат по ред и оваа година на Градскиот плоштад пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи бадникова прослава, која ја организира Здружението на Коледари Куманово. На прославата која ќе започне во 11 часот ќе бидат поделени бадникови гранчиња, како и топла ракија и чај. Во 12 часот е планирано коледарите да ја посетат црквата Свети Никола, каде ќе се освети погача која подоцна ќе им биде поделена на граѓаните, а најсреќниот ќе добие златник.

-На 3-ти јануари беа наберени бадниковите гранчиња во областа Забел во Општина Старо Нагоричане таму беа и осветени гранчињата кои ќе бидат донесени. Секоја година се трудиме да има доволно за сите, кои ќе присуствуваат на манифестацијата така што ги повикуваме сите граѓани да дојдат и да присуствуваат-нагласи Марко Спасовски, секретар на Здружението коледари Куманово.

За разлика од претходните години, оваа здружението одлучи да нема кум-поединец, туку тоа да бидат сите нивни членови, со цел да анимираат што повеќе луѓе. На манифестацијата традиционално граѓаните ќе можат да го прослават Бадник со зурли и тапани.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)