Коледарите набраа бадникови гранчиња

Членови на здружението на граѓани „Коледари“ вчера ги започнаа традиционалните обичаи за прославување на Божиќ. Околу 50 коледари во близина на манастирот Забел во Старо Нагоричане, набраа бадникови гранчиња, кои веднаш беа осветени, а ќе им бидат поделени на граѓаните.

Настанот традиционално како и секоја година помина со зурли и тапани. Членовите на Здружението со своите активности ќе продолжат во петок, на 6-ти јануари, кога првин ќе ја посетат црквата Свети Никола, каде ќе се освети бадниковата погача.

Потоа на плоштадот ќе следи културно уметничка програма, а на граѓаните ќе им бидат поделени гранчињата, погачата, грејана ракија и чај. Годинава е планирано манифестацијата да им и кум. Овие обичаи се практикуваат со цел зачувување на традицијата.

Инаку бадниковото гранче е неизбежен симбол на Бадник, кое го симболизира здравјето, слави животот и вечната среќа. Се работи за дабово дрво, кое се смета за најиздржливо и највековито. Бидејќи дабот симболизира долговечност, народните верувања велат дека со внесување на гранчиња во домот неговите особини се пренесуваат на луѓето кои  живеат во тој дом.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)