Комерцијална банка утре ќе започне со исплата на ноемвриската пензија

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на ноемвриските пензии од петок, 26.11.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

петок 26.11.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари

понеделник 29.11.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари

вторник 30.11.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари

среда 01.12.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, од Комерцијална банка апелираат при посетата на филијалите и експозитурите строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

 

Коментари

коментар(и)