Комплексот Соколана вратен на Општина Куманово

По долгогодишни обиди Општина Куманово успеа да го врати спортски комплекс Соколана, благодарение на новиот менаџерски тим во Агенцијата за стопанисување со спортски објекти.

Следува детално чистење на дворот на објектот, кое го реализира Јавното Претпријатие „Чистота и зеленило“, отстранување на оградата, поправка и обезбедување на реквизитите и воведување на чуварска служба. Во тек е изготвување на проект за реконструкција од Јавното Претпријатие „Куманово план” со предмет, пресметка и обезбедување на финансии за реконструкција, напиша на фејсбук градоначалникот Максим Димитриевски.

Како што посочи тој општината има за цел да го врати сјајот на Соколана.

Коментари

коментар(и)