Комунистите оддадоа почит на Тито

Денеска се навршуват 35 години од смртта на доживотниот претседател на СФРЈ и лидер на југословенските комунисти Јосип Броз Тито. Членови на Комунистичката партија на Македонија, Титовите леви сили и почитувачите на ликот и делото на Тито во негова чест положија цвеќе на спомен -плочата на градскиот плоштад, со желба не само да се повтори, туку и да се надмине неговото дело.

„Во Титовото време кога живеевме имавме детство, имавме младост, имавме образование, имавме здравство, значи основните работи ни беа достапни, подадени на дланка. Додека сега е толку тешко време да не може еден нормален млад човек ни да помисли на иднината, а не пак да формира семејство, без работа, без никаква иницијатива“ –  изјави Олгица Димитриевска од Комунистичка партија на Македонија

Во времето на Тито беше многу убаво, имаше и слобода на изразување, на комуникација додаваат повозрасните членови на КПМ .

„Со длабока жалост и почит цел живот ќе се сеќавам на него, затоа што беше многу добар политичар и како човек многу добар и многу привилегии имавме тогаш“ – изјави Методиј Петровски од КПМ

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980-та година во Клиничкиот центар во Љубљана. Секоја година на годишнината од неговата смрт  „Куќата на цвеќето“  ја посетуваат граѓани од сите краеви на поранешна СФРЈ да оддадат почит на неговиот лик и дело.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)