Конкурсот за реонски попишувачи отворен до 25 август

Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август. Бидејќи тестирањето на досега пријавените кандидати ќе се спроведе на 19 и 20 август, за сите пријавени кандидати до 25 август, ќе биде организирано дополнително тестирање, соопшти Државниот завод за статистика. Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони.

Коментари

коментар(и)