Концерт на дуото „Еквилибриум“

Во „Центарот за култура“ вчеравечер се одржа концерот на дуото „Еквилибриум“ составено од пијанистките Магдица Димитровска и Александра Стојкова кои што го започнаа својот проект на изведување на дела од класична музика токму од градот Куманово. Целта на самиот проект покрај нивното претставување како изведувачи на класична музика е и промовирање на истата.

-Се изведуваат дела Моцарт „Соната“, Дебиси „Петит суита“ и Брамс „Унграски танци g – moll и d – moll. Сепак ова ни е прв концерт имаме настапи на 29ти во Гевгелија и 6ти јули во Штип. Ова е еден вид на турнеа што ја планираме. Првиот концерт ни е овде во Куманово, вели Магдица Димитровска, пијанист

Пијанистките посочија дека за одличната соработка поради тоа што свирењето на едно пијано подразбира голема концентрација, но и комуникација на повисоко ниво кај музичарите со цел да го отсвират делото со потребната вештина. Пијанистките истакнаа дека голем фактор во заедничкото свирење е и тоа што се познаваат подолг период и што своето  пријателство го надополнуваат со професионално изведување на класични композиции.

-Соработката трае многу одамна затоа што свиревме на Факултет камерна музика заедно и сега после толку години како професионални музичари се обидуваме да се докажеме и решивме да почнеме да концертираме, вели Александра Стојкова, пијанист

За изведување на ваков начин на класични композиции потребно е афинитетите на пијанистите како и вкусовите да бидат во голема мера усогласени. Пијанистките истакнаа дека делата со кои што се претставија пред кумановската публика се компонирани од автори кои живееле во осумнаесети и деветнаесети век така што композициите беа од периодот на романтизмот, симболизмот и импресионизмот како правци во историјата на музиката. Тие истакнаа дека како инструменталисти, изведувачи најмногу се сконцентрирани кон изведување на овие композитори со цел подобро да можат да ги искажат своите способности.

-Се одлучивме затоа што тоа најмногу ни лежи, значи кога се бира програм кој би сакале да го изведувате гледате да изведувате композитори кои што ги сакате и композитори кај кои би можеле најдобро да се изразите, вели Магдица Димитровска, пијанист

Пијанистките истакнаа дека  според нивното досегашно искуство не постои голем интерес за сериозната музика, но од друга страна полната сала во центарот за култура беше за нив пријатно изненадување. Пијанистките сметаат дека со повеќе концерти од ваков тип би можело да се зголеми интересот кај луѓето да слушаат класична музика.

-Не многу, а треба да постои а тоа ни е една од моментите сакаме повеќе да настапуваме повеќе концерти да имаме поготово класична музика затоа што ги нема многу често, Магдица Димитровска, пијанист

Димитровска работи во музичкото училиште „Панче Пешев“ во Куманово како педагог и пијано соработник, а во меѓувреме има голем број на учества и успеси на меѓународни натпревари во Република Македонија и Србија. Стојкова работи во ДМБУЦ„ Илија Николовски – Луј“ во Скопје како професор по пијано со најмалите ученици кај кои што е потребна најголема концентрација за препознавање и поттикнување на квалитетите кај идните музичари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)