Концерт на дуо кларинети Ѓоревски-Бакревски

Во малата сала на Центарот за култура синоќа се одржа концерт на дуото кларинети Ѓоревски – Бакревски. Нивната соработка се должи на заедничката работа во оркестарот на Македонската опера и балет, но и долгото искуство и капацитетите на полето на камерната музика.

-Особено ми е драго што ќе настапиме во Куманово токму како што рековте ваков тип на дуо и концерт за кларинети не е изведуван во Куманово и вечерва публиката ќе има можност да слушне дела од Крусел, Лефевр, Пуланк, Илиевски, Росини и Огненовски македонски дела и теми и уште една фолк обработка од Илиевски. Дел од делата се специјално компонирани за дуо кларинети а дел од нив се обработки од останатата класична литература обработки за дуо кларинети-истакна Ѓоревски.

-И двајцата сме дел од Македонската опера и балет и сме битолчани што ми е особена чест, ова дуо постои неколку години имаме изведено неколку концерт во странство и десетици концерт низ државава, се надевам дека и кумановската публика ќе ужива во овој концерт-посочи Бакревски.

Пред да се спојат во дуото кларинети Ѓоревски и Бакревски имале солистички настапи во различни ансамбли и камерни формации.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)