Во Занаетчискиот дом синоќа концерт одржа квартетот полихимниа од Скопје. Љубителите на уметноста имаа можност да уживаат во класичната музика. Концертот кој што се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово, а го организираше Фондацијата за спорт и култура, беше насловен „Волшебниот јануар“.
На настанот присуствуваше и првиот човек на градот, Максим Димитриевски, претставници на општинската адиминистрација, како и бројни граѓани.
Квартетот го сочинуваат професорките Николина Тодоровска (флејта), Риана Рамиз(виолина),Маре Видевска( виолончело), Верица Шотаровска ( пијано).