Костовски: Изборите по сила на законот на 21 јуни

„Консензус за датум за избори треба да има, но ако ДПМНЕ бега од тоа, изборите по сила на закон ќе бидат на 21-ви јуни“ , рече на денешната прес-конференција претседателот на општинската органзиација на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски. Според него, на македонскиот народ му е потребно функционално Собрание и Влада со нов легитимитет од граѓаните, посочувајќи дека на прво место се граѓанските и државни интереси, а СДСМ како партија нема да дозволи никој да го загрози здравјето на граѓаните, економијата и демократијата.

-Тогаш истекуваат сите изборни рокови, 22 дена по завршување на вонредната состојба. СДСМ како одговорна партија вложува максимални напори да дојдеме до заеднички договор, не е добро ниту за нас, ниту за ДПМНЕ, ниту за државата да нема консензус за вакви прашања. Мицкоски сака да не втурне во неизвесност и во нова криза. Рече дека и верува на Комисијата за заразни болести и побара нејзино мислење, го доби во најбрз можен рок, бараше мислење од ОБСЕ го доби за еден ден. Неговите услови се исполнети, и според Комисијата која дава точни протоколи и за кампањата и за изборниот ден и според ОБСЕ  кои потврдија дека ќе го набљудуваат изборниот ден. Апсурдна е позицијата за избори на Мицкоски, кога ќе имало нула заболени, изјави Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ Куманово

Што се однесува до гласањето и самиот изборен процес, Костовски посочи дека здравствените институции покажале сериозен капацитет за справување со корона вирусот , а гласањето ќе биде безбедно.

-Секој од нас ќе помина 2-3 минути на гласачкото место, сите имаме обврска и ќе ја исполниме крајно одговорно. Гласањето ќе биде 100% безбедно . Како што се движиме со заштитна опрема, маски ракавици, средства за дезинфекција во секој јавен објект, така истото ќе го направиме во тие 2-3 минути на гласачкото место, бидејќи потребни ни се функционални институции. Како што најавуваат надлежните здравствени институции, постои опасност од нов пик на есен со кој мора подготвено да се справиме, а не тогаш да се оптоваруваме со лидерски средби, кампањи и избори.

Костовски смета дека крајно неодговорно е ВМРО ДПМНЕ да негираат одржување на легитимни парламентарни избори, поттикнувајќи вештачка криза и барајќи изговори бидејќи се плашат од пораз.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)