Костовски: Немаше физичка пресметка на протестот

„Ниту имало физички конакт, ниту некој бил удрен и поведен, а не може да постои физички напад ако нема физички контакт“ – вака денеска реагираше првиот човек на Општинската организација на СДСМ во Куманово, по вчерашниот инцидент на протестот кој го организираше иницијативата „За заедничка Македонија“.

Вчеавечер на самиот протест дошло до инцидент пред зградата на поранешен Комитет каде излегувал Костовски. Очевидсците обвинија дека тој нападнал тракторист кој бил учесник во протестот, меѓутоа денеска претседателот на локалниот огранок на партијата вели дека информациите биле спинувани од медиумите и дека не дошло до физичка пресметка.

На синоќешниот протест еден од учесиците кој возеше трактор се обиде да ме испровоцира при моето поминување на улицата, претпоставувам дека намерата му била да изреагирам бурно со што би дошло до некаков физички контакт, ниту некој бил удрен и повреден, а не може да постои физички напад ако нема физички контакт. Одговорно тврдам дека имаше само вербална расправа помеѓу мене и протестантите и ништо друго. Најмногу лично што ме повреди е умоболната лага на режимските медиуми дека сум пцуел „мајка македонска“. Јас сум Македонец, моите родители се Македонци, роден и образован во држава која ја сакам и за која се борам да биде слободна, демократска и среќна. Со крената глава јас сум горд Македонец – рече Костовски.

Костовски рече дека не бил приведен, туку повикан на разговор во СВР Куманово каде сам се појавил, дал исказ и потоа се вратил дома.

Во меѓувреме реакција денеска имаше и од првиот човек на градот, Зоран Дамјановски кој вели дека разговарал со сите пристуни на инцидентот кои го информирале дека имало само вербална расправија, без некој да биде повреден.

Апелирам до граѓаните да останат мирни и ги замолувам да не подлегнуваат на провокации, право на демонстрирање е демократско право на сите и јас го подржувам тоа, меѓутоа ненасилни и милитантни изјави какви секој ден гледаме. Ќе апелирам моите сопартијци да останат мирни, да не доаша до исплив на емоции, бидејќи сите сме набиени и поларизирани со емоции во двете насоки, на некој начин власта во заминување успеа, бившиот премиер Груевски да ја наметне рекотираката на етношовинизмот и тоа кулминира и Македонија не ја води во добра насока – рече Дамјановски.

Дамјановски очекува да се изнајде институционална разрешница за кризата, и да не се подгреваат меѓуетнички и интраетнички конфликти.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)