Костовски: Опозицијата да го поддржи референдумот

„Со отворањето на преговорите со ЕУ и со исполнување на домашните обврски и реформи создаваме функционална држава во која владеат редот и законот и во која институциите се сервис на граѓаните отворени и отчетни. Зачленувањето во ЕУ е позитивна промена која ќе резултира со изградба на европско општество и држава по европски правила“ , рече на денешната пресконференција, претседателот на општинската организација на СДСМ , Мартин Костовски.

-Низ трансформација со поддршка од унијата ќе обезбедиме независно судство, слободни медиуми, професионална јавна администрација, подобро и подостапно здравство за сите, поквалитетно образование и беспоштедна борба против корупцијата. Членството во НАТО ќе донесе нови големи директни странски инвестиции во економијата, инвестициите отвораат нови работни места, Македонија  станува  конкурентна, се зголемува растот на платите, ќе се зголемат фондовите од ЕУ кои ги вложува во нашата инфраструктура. Повеќе европски средства за субвенции на земјоделците, за механизација, за пласман, за подобри цени.

Костовски потенцираше дека земјите членки на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија рамноправна  со право на глас во семејството на западноевропските држави.

– Затоа ја повикувам опозицијата и сите кои се двоумат да го поддржат референдумот на 30- ти септември да се приклучат заедно да ја однесеме Македонија кон подобра иднина во ЕУ и НАТО. Време е да излеземе заедно за нашата иднина да се сплотиме заедно за европска Македонија.

Претседателот на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија , Костовски на крајот ги повика граѓаните на Куманово вечерва да го слушнат обраќањето и пораките на премиерот Зоран Заев, во 20 часот на градскиот плоштад.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)