Костовски повика на масовна излезност во недела

-Во недела имаме можност да донесеме историска одлука – да ја запечатиме европската иднина на нашата земја. Не смееме да седиме дома, со тоа да ги казнуваме сите следни генерации. Нема веќе враќање назад, да се обединиме, сложно и решително да зачекориме.

Граѓаните ја имаат алатката во рацете за време на изборите. Ве замолувам да станете сите што останаа дома и на 5-ти мај да излеземе и да гласаме за Стево Пендаровски.

Ајде да застанеме сите и да испишеме нова убава страница за нашата татковина.

На 5-ти мај да ги оставиме настрана поделбите и да се сплотиме заедно и да донесеме одлука за напредната опција. Гласајте по сопствена волја на 5-ти мај, но гласајте за иднината на земјата и вашите деца. Силата на гласот е кај сите Вас, а гласот е најсилен кога е на гласачкото место!

Да излеземе сите и да го поддржиме Стево Пендаровски на 5-ти мај. Човек со кој заедно ќе продолжиме напред! Заедно напред! , рече на прес-конференцијата Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)