Костовски реизбран за претседател на СДСМ

Актуелниот директор на Службен весник, Мартин Костовски е реизбран за претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово.

Tој на својот Фејсбук профил му се заблагодари на претседателот на партијата, за дадената доверба.

-Благодарност до Претседателот Зоран Заев за довербата што ми ја даде за повторен мандат за претседател на најголемата општинска организација,за бастионот. Благодарност до партиските другари кои беа во трката за претседател. Во наредниот период остануваме победници, заедно подобри, поорганизирани и поуспешни –напиша Костовски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)