Костовски: СДСМ инвестира во економски раст и развој

„Атрактивноста на локацијата на индустриската зона „Новине“ ќе придонесе за отворање на нови погони на домашни и странски инвеститори што ќе отвори можност за економски раст и развој на Куманово, но и на целиот Североисточен регион“,  рече на денешната прес-конференција пратеникот и претседател на СДСМ Куманово Мартин Костовски посочувајќи дека во тек е инфраструктурното уредување на зоната.

-СДСМ во континуитет вложува во развој и унапредување на патната и комуналната инфраструктура  низ целата држава. Поставени  се досега 1.000  метри атмосферска канализација, а следува и асфалтирање на површина од 2.210 квадратни метри. За овој зафат обезбедени се 24 милиони денари од Буџетот на РСМ. Индустриската зона „Новине“ зафаќа површина од  65 хектари и се наоѓа на атрактивна локација , има 51 градежна парцела со различна големина и е уредена за лесна и незагадувачка индустрија.

Како одговорна партија и на централно и на локално ниво, продолжуваме да работиме единствено во интерес на граѓаните, изјави Мартин Костовски, пратеник и претседател на СДСМ Куманово

„СДСМ инвестира во проекти што носат напредок, економски раст и развој“, потенцира Костовски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)