Костовски: Случајот „Диво насеље„ целосно да биде расчистен

 Граѓаните на Куманово пред две години докажаа дека се единствени и дека никој не може да ги користи во етнички тензии и за политички цели.

Случајот што во 2015 се случи овде во Диво Насеље и внесе вознмиреност меѓу граѓаните, мора да биде расчистен до крај.

Граѓаните мора да знаат што се случило. 

Семејствата на 8-темина загинати припадници на безбедносните сили, граѓаните кои останаа без своите домови и жителите на Куманово ја очекуваат вистината.

Во програмата на идната Влада предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија  предвидена е нова детална истрага која што ќе укаже на сите аспекти од настанот во Куманово. Тоа мора да се изведе на транспарентен, независен и професионален начин, за да се расчистат сите дилеми. Секој оној кој на каков било начин учествувал во настанот и кој ја загрозил безбедноста на Република Македонија и нејзините граѓани, ќе мора да одговара, изјави Мартин Костовски , претседател на општинската организација на СДСМ, Куманово

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)