Костоперска карпа ја истражуваат врвни археолози

Археолози од врвни  британски универзитети и годинава го истражуваа локалитетот Костоперска Карпа во близина на селото  Младо Нагоричане. Според досегашните истражувања на локалитетот  е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки  и културен живот. Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот,  а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и стаклена паста и бронза.

Освен што националната установа „ Музеј “ има потпишано четиригодишен договор со универзитетите, проектот Костоперска карпа е поддржан и од министерството за култура.

-Тие беа тука дваесетина дена вршеа реконе… на теренот на самата Костоперска карпа но и на околните региони, а се со цел за да го поврзат населбинското живеење на жителите кои што живееле на Костоперска карпа и околу неа, исто така веќе во октомври ние имаме договорено средба во Оксфорд каде што нашиот археолог Дејан Ѓорѓиевски ќе одржи симпозиум и ќе се разменат искуства и сето она што е сработено на самиот локалитет Костоперска карпа, изјави Анита Цветановска, директор на НУ„Музеј“  Куманово

Во минатото тука постоеле дури 40 цркви поради кои месноста била нарекувана Мала Света Гора, а во подножјето на карпата се наоѓаат сочуваните средновековни цркви „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и повеќе гробови. Костоперска карпа се наоѓа на 9 километри од градот.

Според археолозите на овој простор се наоѓа и ранохристијанската базиликална црква, која се користела за погребување, како и остатоци од средновековни ѕидини. Особено се издвојува подземната просторија, која сè уште не е доистражена.  Со реализацијата на археолошките истражувања и со  уредување на локалитетот Костоперска карпа, ова место ќе го привлече интересот на посетителите.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)