Костурница ќе се реконструра наредната година

Спомен Костурница на паднатите борци во НОБ од кумановско ќе се реконструира и реставрира во текот на наредната година, најави претседателот на Владата, Зоран Заев при последното гостување во емисијата СТАВ. Конзерваторскиот проект кој што изработува Националниот конзерваторскиот центар во Скопје со оглед на тоа што станува збор за споменик во надлежност на државата, според премиерот Заев веројатно ќе биде завршен на пролет.

– Вредноста на реконструкцијата и на реставрацијата не е толку голема, околу  150.000 евра или до 10 милиони денари. Не е тоа многу, на споменикот ние државни празнувања чествуваме , значи не е тоа само за Куманово, тоа е симбол на државата, востанието, борецот и слично. Следната година верувам, ако проектот биде готов ќе го реализираме тоа заради тоа што спомен костурницата низ годините е изабена од времето. Многу често Куманово за да ги подготви ваквите државни настани го чистеше од спрејови, од графити и слично за да биде навистина достоинствено, но си сака реконструкција и реставрација заедно општината има аплицирано во фондовите на ИПА за прекугранична соработка за да токму на тој потег се направи еден голем амфитеатар, спортски игралишта, терени за да го заживееме целиот простор, тоа ако има некој импакт догодина летото, до тогаш да почнеме да ја конзервираме и реставрираме спомен костурницата, рече Зоран Заев, претседател на Влада на РСМ

Конзервацијата на Костурница првпат беше најавена пред година ипол од поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски кој што заедно со претставник на Управата за заштита на културното наследство и градоначалникот Максим Димитриевски направи обиколка на споменикот и констатираше дека комплексот се наоѓа во многу лоша состојба, потенцирајќи дека не се водела адекватна грижа од надлежните институции.

Алаѓозовски тогаш истакна дека оштетувања има на релјефите, на конструкцијата, криптата, мозаичните плочки и придружните простории.

Градоначалникот Максим Димитриевски, тогаш потсети дека за овој споменик исклучиво се грижи ЈП „Чистота и зеленило“ и општината и дека  се реализирани бројни акции со невладиниот сектор за одржување на околината на комплексот, а воведена е и чуварска служба.

Инаку, Костурница е изградена во 1957 година по повод државниот празник 1 –ти Октомври. Дело е на архитектот Коста Зордумис и вајарот Сретен Стојановиќ. Се состои од обелиск и костурници во кои се сместени коските на околу 300 загинати борци во Втората светска војна, меѓу кои и осум народни херои од Куманово и кумановско.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)