Коцевска: Ќе се намали невработеноста на младите

„Во изминатите три години суштински го променивме односот на власта кон младиот човек.  Партиската книшка која што беше основен предуслов за вработување, а многу почесто и картата во еден правец за излез од нашата држава ги заменивме со целосна транспaретност при постапките за вработување, а приватниот сектор го направивме и продолжуваме да го правиме далеку поатрактивен за вработување со повисоки плати и подобри услови за работа од државниот“, рече на денешната прес-конференција Драгана Коцевска, кандидат за пратеник од СДСМ.

-Грижата за младите ја покажуваме со паричната поддршка од 6.000 денари, платежната домашна картичка од 3.000 денари, како и ваучерите од 30.000 денари за ко-финансирање на обуки, тренинзи и курсеви за информатички технологии и дигитални вештини. Стекнувањето знаења и вештини од информатичката технологија, ќе им овозможат на младите брзо вработување во новата развојна економија.

-Со мерката ,,Самовработување” обезбедивме грантови од 5000 € до 10 000 евра за отворање на сопствен бизнис, која што мерка ја искористија 1191 лице.

-Преку јавниот повик ,,Стартапувај” на Фондот за иновации и технолошки развој се поддржуваат младите луѓе и нивните иновативни бизнис идеи. Во 2019 година се обезбедија средства во висина од еден милион и осумстотини илјади евра со кои беа наградени 48 проекти и доделени грантови за основање на старт-ап бизниси.

-Преку проектот ,,Млад земјоделец” обезбедуваме до 10000€ неповратни средства за младите луѓе за набавка на земјоделска механизација, рече Драгана Коцевска, кандидат за пратеник – СДСМ

Во новиот мандат 2020-2024 година , СДСМ ветува дека до крајот на мандатот невработеноста на младите луѓе до 29 години ќе се намали под 17%.

-Ќе воведеме практична настава во средните стручни училишта која ученицитe задолжително ќе ја спроведуваат во реалниот сектор.

-Ќе им овозможиме на редовните студенти да стапат во редовен работен однос, определен број на часови – опција која им е достапна на студентите во најголем број на европски земји, рече Коцевска.

Со мерките кои веќе се спроведуваат, како и со новите мерки, младите се убедени дека европските плати и европските услови за работа можат да се  донесат дома, со што не само што ќе се запре иселувањето на младите, туку и ќе се овозможи враќање назад во својата татковина на веќе иселените наши граѓани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)