Кочо Анѓушев на прославата во Пелинце

По повод празникот Денот на Републиката, на 2 август, Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата на Република Македонија, во координација со Собранието и со Претседателот на Република Македонија организира голем број свечености, чествувања и обраќања со кои ќе се означат 114-годишнината од Илинденското востание и по 73-годишнината од првото заседание на АСНОМ.

Во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во 11 часот, на свеченоста по повод првото заседание на АСНОМ ќе говори Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за еконмски прашања Кочо Анѓушев. Од СВР Куманово информираат дека нема да има  како изминатите години.

Прославата ќе отпочне на 2 авуст, во 8 часот, во црквата Свети Спас во Скопје каде што пред присутните гости ќе се обрати Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Програмата потоа продолжува со заедничко чествување и со полагање венци со свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во дворот на црквата, од страна на Претседателот на премиерот Зоран Заев и Претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Свеченостите по повод Денот на Републиката продолжуваат со активностите на претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов во 10:00 часот ќе положи венци со свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев. Во 10 часот и 25 минути, Претседателот Иванов ќе се поклони пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методиј Андонов Ченто и ќе има свое обраќање.

Централното одбележување на Денот на Републиката 2 август и државните почести по повод годишнината од Илинденското востание, ќе се одржат на Мечкин Камен во Крушево. Делегација на Собранието на Република Македонија во 9 часот и 30 минути ќе положи свежо цвеќе на гробот на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, а во 10 часот венци свежо цвеќе ќе бидат положени и пред Споменикот на хеорите во месноста Слива.

Пред почетокот на големиот Народен собир на Мечкин Камен кој ќе отпочне во 12 часот, во храмот Свети Никола ќе биде одржана панихида. Отворањето на програмата на Народниот собир на Мечкин Камен ќе започне со пристигнувањето и поздравот на коњаницата, по што ќе следува церемонијата на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република и со интонирање на химната на Република Македонија. На Народниот собир пред присутните гости ќе се обрати Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)