„Кочо Рацин“ –домаќин на проектот GOAL

Основното училиште „Кочо Рацин“  неделава е домаќин на наставници и ученици од Франција, Шпанија, Португалија, Романија и Италија, во рамките на проектот GOAL или Учиме преку игра. Проектот кој што е дел од Еразмус програмата и во кој се вклучени шест училишта од шест држави се реализира две учебни години , од септември 2018-та до месец август 2020 година.

-Наставниците и учениците ќе се дружат, другаруваат, ќе работат на работилници, ќе прошетаат низ нашата држава, ќе разменуваат искуства, изјави Лидија Пешевска, директор на ООУ „Кочо Рацин“

За денешното топло добредојде на гостите од европските држави се погрижи седумчлениот тим на проектот ГОАЛ , наставници од „Кочо Рацин“ , информира координаторот на проектот во училиштето Анита Димовска.  

-Нашата цел е да ги поттикнемеучениците да си ги подобрат своите постигања преку внесување на се повеќе игри на различни часови, на различни предмети. На овој начин веќе досега има одличен резултат од реализираните активности во проектот , па така и ние осмисливме преку различни игри во мешани тимови учениците да се дружат да соработуваат и да си ги збогатат искуствата, изјави Анита Димовска, координатор на проектот GOAL од Кочо Рацин

 -Идејата за проектот  лично потекнува од моето семејство. Мојата ќерка има потешкотии со учењето, па и како мајка и како предметен наставник се обидував да најдам начини  како да и помогнам подобро да учи, да ги подобри постигањата. Така дојдов до идеја дека  преку игри можеби би било полесно не само за неа, туку и за другите дечиња . Штом ја објавив оваа идеја многу лесно стапив во контакт со партнерите и тие со задоволство прифатија . До сега е прекрасно искуството, а за ова добредојде знаев дека ќе биде прекрасно и навистина беше такво, изјави Габриел Ривие , главен координатор на проектот

Претставниците на училиштата вклучени во проектот утре ќе имаат прием кај градоначалникот Максим Димитриевски во Општина Куманово. Инаку,  следната проектна активност во рамките на „Учиме преку игра “ ќе биде реализирана во Португалија во месец октомври годинава.

Коментари

коментар(и)