„Кочо Рацин“ – домаќин на четири европски училишта

Завршна манифестација од проектот „Европски научен конгрес за животна средина и екологија “ се одржа вчера во холот на основното училиште „Кочо Рацин“. Ова училиште имаше можност цела недела да биде домаќин на ученици и наставници, партнери во проектот од Романија, Полска, Шпанија и Италија. Главен координатор на проектот чија што основна цел е да се крене свеста меѓу учениците, но и меѓу локалната средина за важноста на одржувањето на чиста и здрава животна средина е државно училиште од Барселона, Шпанија.

-Сите ученици, и гостите и домаќините уживаа во планираните активности во текот на оваа недела. Тие имаа ликовна работилница за реупотреба на отпад, а цртежите ќе ги видите на изложбата во холот на училиштето, меѓутоа највпечатлива беше посетата на фабриката за рециклирање на пластичен отпад, пластични шишиња, а тоа на некој начин беше и освестување и повик да го редуцираат користењето на пластични флаши или сепак оние кои што ги користат  да бидат донесени на рециклирање , изјави Кристина Антон Риверо , главна координаторкана проектот од Барселона, Шпанија

Во училиштето „Кочо Рацин“ изминативе неколку дена се работеше на темата  „Сортирање на отпад, реупотреба и рециклирање“, информира координаторката на проектот од Македонија, Анита Димовска, професорка по англиски јазик.

-Во  проектот се вклучени вкупно пет држави, пет државни училишта. Проектот се реализира веќе дваесетина месеци, две учебни години од 2018-та  до септември 2020 –та  и оваа недела ни беше огромна чест да бидеме домаќини на проектот. Во рамките на овој проект „Европски научен конгрес за животна средина и екологија“  , нашето училиште работеше на темата „Сортирање на отпад, реупотреба и рециклирање“ . Учениците дознаа многу начини како може да прават креативни изработки, а имавме и многубројни посети , изјави Анита Димовска, координатор на проектот од Македонија.

-Презадоволна сум затоа што сме инволвирани во сите проекти и работиме максимално, даваме се што можеме и постигнуваме успеси и резултати. Размена на искуства во наставата е многу важна, се развиваат пријателстава меѓу наште ученици и наставници, изјави Лидија Пешевска, директор на ООУ  „ Кочо Рацин“

Во рамките на  проектот, гостите од европските држави заедно со ученици и наставници од „Кочо Рацин“ , освен културно-историското наследство на Македонија во Куманово, ги посетија знаменитостите и во Скопје и Охрид.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)