„Кочо Рацин “ победник на натпреварот по географија

Марко Димитриевски од основното училиште „Кочо Рацин “  освои прво место на општинскиот натпревар по географија што изминатиов викенд се одржа во просториите на домаќинот на настанот  „ Толи Зордумис“. Врз основа на освоените поени , второто  и третото место им припадна на ученичките од основното училиште„ Браќа Миладиновци “ , Кристина Спасовска и Лара Денковиќ.

На натпреварот по географија за основните училишта од општина Старо Нагоричане , првото и второто место ги освоија ученичките Симона Величковска и Софија Јовиќ.

Двете, заедно со уште 21 ученик од општина Куманово ќе одат на регионален натпревар .

Што се однесува до натпреварот по географија за средни гимназиски училишта, првото место го освои  Сара Трајковска, второто Мери Димитриевска , а третото и припадна на Ива Станојковска, сите ученички во гимназијата „Гоце Делчев“. На регионалниот натпревар во  март месец ќе одат девет ученици од гимназијата со освоени над  85 поени, информира професорката по географија во основното училиште Толи Зордумис ,Сузана Николиќ.

На општинскиот натпревар учествуваа шеесет ученици од сите основни и средни училишта во Куманово и Старо Нагоричане.

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 17-ти март во просториите на општинското основно училиште „Кочо Рацин“ .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)