„Кочо Рацин“ со активности за патрониот празник

74 годишното постоење основното училиште „Кочо Рацин“ неделава ќе го одбележи со повеќе настани, почнувајќи со спортски активности денеска за најмалите ученици , а утре спортски игри заедно со партнер училиштето Наим Фрашери во рамките на проектот „ Меѓуетничка интеграција во образованието “ информира директорката Лидија Пешевска.

-Во среда имаме планирано продажна изложба, сликите се насликани од нашите ученици во рамките на проектот „Од талент до успех“  од ученици од седмо и осмо одделение, во четврток прогласување на ученик на генерацијата  – Давид Цветковски, во петок свечена седница, положување на цвеќе, свечена приредба, изјави Лидија Пешевска, директор на ООУ„Кочо Рацин“

Според резултатите што учениците ги постигнуваат на општинските, регионалните и државните натпревари основното училиште Кочо Рацин се вбројува во едно од најдобрите училишта во градот.

-Задоволни сме од резултатите , учениците секогаш во сите натпревари постигнуваат врвни резултати, а заслуга е на наставницте, но на родителите. „Кочо Рацин“ е едно од најдобрите училишта во градот, изјави Пешевска.

„Кочо Рацин “ е прво училиште на македонски јазик во слободно Куманово. Училиштето постои од јануари 1945 година, а училишниот објект во населбата „Гоце Делчев“  е од 1983 – та година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)