Кошаркарите на Куманово утре со МЗТ Скопје

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен во рамките на 15-то коло од шампионатот го пречекуваат актуелниот првак на македонската кошарка, составот на МЗТ Скопје. На овој меч тренерот Владимир Мирковски на располагање ќе ги има сите кошаркари и ќе може да смета на нив за овој дуел, велат од клубот. Своето деби оваа сезона ќе го има и старо-новиот играч српскиот центар Александар Андрејевиќ. Мечот ќе се игра во спортската сала на „Перо Наков“ со почеток во 19 часот.

Коментари

коментар(и)