Кошаркарската федерација објави термини за селективни тренинзи

Кошаркарската Федерација на Северна Македонија и Министерството за образование и наука објавија јавен повик за проверка на способностите за спортски вештини на учениците кои имаат интерес за запишување во ДСУ Спортска Академија за учебна година 2022/23.

Термините за селективни тренинзи се:

-во Скопје  на 04 мај 2022 – СРЦ Кале (голема сала) во 09.00 час и на 11 мај 2022 – СРЦ Кале (голема сала) во 09:00 час.

-во Куманово на 05 мај 2022 – ДСУ Перо Наков во 11.00 час.

-во Кавадарци на 06 мај 2022 – СОЗШУ Ѓорче Петров во 12.30 час.

Се молат учениците кои ќе дојдат на закажаните термини со себе да понесат опрема за тренинг и документ за идентификација, се вели во соопштението.

Коментари

коментар(и)