„Коштана“ во изведба на пензионери

Во центарот за култура „Трајко Прокопиев “ вчеравечер премиерно беше изведена претставата „Коштана“ од членови на здружението на пензионери Куманово. „Коштана“ е драма на српскиот писател Борисав (Бора )Станковиќ. Таа е една е од нагледаните претстави во српските театри, но и пошироко. Содржи многу теми од српскиот фолклор и патријархалните обичаи кои што биле присутни кон крајот на 19-от век.

Главната улога на Митке во „ Коштана “синоќа одлично ја одигра пензионираниот просветен работник и член на здружението на пензионери, Борко Стојановски.

-Мене ми падна таа чест да ја имам една од главните улоги во делото на Бора Станковиќ, Коштана во улога на Митке. Голема чест и задоволство ми беше што ми ја доверија оваа улога. Работевме напорно цели три месеци, не ни беше тешко иако беа големи горештини, да доловиме едно време при крајот на 19-от и почеток на 20-от век од многуте дела кои што ги има напишано Борисав Станковиќ и ова дело го работевме со голем ентузајам, мерак. Животна желба ми беше да настапам како Митке, инаку јас сум просветен работник и сите дела од поранешните југословенски простори ги имаме учено.  Мислам дека успеавме, изјави Борко Стојановски, просветен работник во пензија

Освен аматери, претставата „ Коштана“ често ја изведуваат и актерите во македонските театри.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)