Која е првата активност на Клубот на советнички? (ВИДЕО)

Зелените површини во градот се белите дробови кои ни даваат чист воздух и треба да ги чуваме, но и посветено да учествуваме во нивно засадување, е дел од пораката која ја упатија од Клубот на советничките во рамки на нивната прва активност.

Клубот на советнички го сочинуваат сите членки на Советот на Општина Куманово од пет политички партии. По неодамнешната промоција, вчера ја оддржаа и првата конкретна активност и првата пролетна еко- акција. На локацијата пред Градскиот базен, во новиот парк крај патот, беа засадени 14 садници, во име на 14 советнички. Независно од политичката партија од која доаѓаат, советничките упатија иста порака со иста цел, Куманово заслужува да дише.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)