Кој е во игра за „Роман на годината“

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски од Куманово, е еден од петте романи кои влегоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“.

Во конкуренција се уште „Суво мастило“ од Владимир Илиевски, „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски, „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска.

Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности, а резултатите ќе бидат соопштени наредниот понеделник.

Жири-комисијата е во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22-ри пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)