Крак од улицата „Страшо Пинџур“ доби асфалт

Крак од улицата „Страшо Пинџур“, кој ги поврзува Бабин дол и Биљановце со населбата Гоце Делчев, денеска доби асфалт.  За асфалтирање на улицата за површина од 2800 квадратни метри од општинскиот буџет се одвоени околу 15.000 евра. Увид на терен денеска направи првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски, кој посочи дека активноста е дел од развојната програма на локалната самоуправа за тековно одржување на комуналната инфраструктура во градот.

-На некој начин барање на месната заедница од одамна еве го решаваме.  На иницијатива на месната заедница во Бабин дол и Биљановце итие се организираа со сопствен превоз, поддршка на општината за давање на материјал, гребан асфалт, тампон, на некој начин да се санира патната инфраструктура, оваа делница го скратува патот помеѓу ова населено место и регионалниот пат-изјави Дамјановски.

Мештаните нагласија дека се задоволни што конечно ќе се реши нивниот долгогодишен проблем.

-Целава наша месна заедница ќе може да го користат овој пат бидејќи јас сум тука 15 години има многу метеж и ќе им помогне на луѓето што одат по населбите, голема благодарност до градоначалникот. Неасфалтирано беше многу лошо, кал, децата тргнат на училиште мора да носат уште едни патики, не можат така да влезат на настава, беше тампонирано неколку пати но водата го носеше, ова ќе биде трајно решение-нагласи Марина Митковска, мештанин.

Инаку локалната самоуправа продолжува со реконструкција и санација на патната инфраструктура. Во моментов се крпат ударните дупки на улицата Тоде Думба и се работи на неколку сообраќајници пред булеварот Октомвриска револуција.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)