Крводарителска акција во гимназијата „Гоце Делчев“

Повеќе од шеесет единици крв се собрани на денешната крводарителска акција во гимназијата „Гоце Делчев“ организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст. Денеска крв даруваат матураните –гимназијалци, а во вторник наредната недела на акцијата ќе се приклучат и ученици од трета година кои што веќе станале полнолетни, информираат надлежните од „Гоце Делчев“.

-На денешната акција се пријавени  максимум по десет ученици од четврта година заради нормално одвивање на наставата, а во вторник , во вториот дел од акцијата  ќе вклучиме и по два  ученика од трета година кои имаат наполнето 18 година и стекнато право за дарување крв. Досега има 32 дарувања, до крајот на акцијата  очекуваме над 60, и во вторник над 60, така што околу 130 единици крв ќе бидат собрани.

Иако поголемиот дел од пријавените првпат денеска се приклучуваат на крводарителска акција, имаше и матуранти кои веќе дарувале крв на претходната акција организирана во гимназијата.

Дарувањето крв е привилегија само на здравите луѓе и многу е важно оние кои што размислуваат да се приклучат на крводарителскуте акции тоа да го започнат колку што е можно порано, односно во помладите години, бидејќи дарувањето крв е корисно , потенцираат од Инситутот за трансфузиона медицина.

– Нема никаков штетен ефект, напротив има студии во кои се тврди дека имаат поретки кардиоваскуларни болести редовните дарители, поретко дијабет, така што апсолутно имаат мотив плус да започнат да даруваат. Денешниов ден со оглед на тоа дека се наоѓаме во една поголема гимназија не радува фактот што се повеќе  првократни дарители се одлучуваат да даруваат, затоа што тие се еден добар таргет на дарители кои што се надевам дека ќе бидат редовни во иднина и ќе обезбедуваме доволни количини на крв и крвни компоненти. Важно е младите да започнат затоа што тие се иднината во крводарителството, сега се трудиме и ние Институтот за трансфузиона медицина малку со повеќе промотивни активности, мотивациски активности, за да ги запознае повторно младите за значењето на крводарувањето, што значи да се живее на здрав начин, така што ова вклучување на млади луѓе во крводарителските акции ветува многу, изјави д-р Елена Ристовска,  Институт за трансфузиона медицина Скопје

Законот предвидува крводарителите да се на возраст од 18 до 65 години. Постојат исклучоци кога лице со ненаполнети 18 години може да биде крводарител , но во тој случај потребна е согланост од родителот  или пак граѓанин повозрасен од 65 години да дарува крв, но претходно тоа треба да го одобри лекар.

Инаку, што се однесува до акциите , гимназијата Гоце Делчев е рекордер по бројот на дарувани единици на крв споредбено со останатиоте средни училишта во грасот. Следната крводарителска акција ќе биде организирана наредната учебна година, велат надлежните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)