Крводарителска акција во „ Кочо Рацин“

Успешна крводарителска акција денеска се реализираше во просторииите на основното училиште „Кочо Рацин“ , организирана од Ротари клуб Куманово во соработка со Советот на родителите во училиштето. „Кочо Рацин “ првпат е домаќин на крводарителска акција , но надлежните планираат во иднина училиштето да се вклучи во поголем број на хумани и хуманитарни акции.

-Ротари клуб Куманово традиционално овој период од годината ноември, декември секогаш организира крводарителски акции. За првпат правиме заедничка акција и веќе покажа одлични резултати. Се надеваме на голем број крвни единици од пријатели кои што се најавија. Инаку , Ротари клуб планира заедно со основното училиште „Кочо Рацин “ различни акции кои ќе потпомогнат пред се,  да го подигнеме чувството  за хуманост кај луѓето воедно и да ги подобриме условите за нашите ученици пред се за заедницата во која се наоѓаме. Ќе продолжиме во тој дух и нема да отстапиме, изјави Бранко Зафировски, Ротари клуб Куманово

– Ние од минатата учебна година со Советот на родителите односно со претседателот на Советот на родители и вработените сме во договор и во план да организираме крводарителска акција. Денеска заедно со Советот на родителите, со наставниците, со помош на Ротари клуб, Централна кооперативна банка, Црвен крст Куманово даруваме живот. Пресреќни сме знаејќи дека секојдневно на некого му треба капка крв еве малку хуманост на дело ,изјави Лидија Пешевска, директор на ООУ„Кочо Рацин“

Здравите луѓе барем еднаш во животот да даруваат крв, апелираат надлежните од Институтот за трансфузиона медицина.

– Добро е да се дарува крв затоа што некогаш можеби и нас ќе ни треба крв, добро е да се биде хуман, да се помогне, не секој може да дарува крв, затоа се апелира здравите луѓе кои што немаат здравствени проблеми да се јават барем еднаш во животот да даруваат, а  со тоа многу ќе помогнат , а малку ќе изгубат. Со оглед на тоа што Институтот за трансфузиона медицина од Скопје прави Годишен план се трудиме да потребите за крв се задоволени во секој период од годината, моментално имаме доволно залихи за сите крвни групи, во случаеви каде што нема имаме јавни повици меѓутоа начелно се задоволени сите потреби, изјави д-р Ефтим Димитровски, Институт за трансфузиона медицина Скопје

Денешната крводарителска акција беше поддржана и од општинската организација на Црвениот крст  чии што членови практично преку показна вежба покажаа како правилно треба да се санираат повредите во одредена ситуција.

Во рамките на акцијата беше одржано и литературно читање по претходно распишан литературен конкурс на темата „Дарувај крв“ , по што најдобите три песни  беа наградени од Ротари клуб во соработка со Централна кооперативна банка. На истата тема бил распишан и ликовен конкурс , а цртежите на учениците денеска беа изложени во холот на училиштето.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)