Крводарителска акција во ОУ „Кочо Рацин“

Во основното училиште „Кочо Рацин“ денеска се одржа крводарителска акција. Акцијата која се организира по втор пат е под мотото „Дарувај живот“, а се спроведува во соработка со Советот на родители, општинската организација на Црвен крст и Ротари клуб.

-Минатата година собравме 30-40 крвни единици, оваа година мислам дека ќе има уште поголема посетеност, затоа што веќе станува традиционална акциајата, до 12 часот веќе се дадени 15 крвни единици, посетеноста е доста поголема од минатата година и мислам дека ќе биде уште еден успешен гест, организиран од нашето училиште. Се одржува под мотото Дарувај живот, сите знаеме колку ни е потребна една ваква хумана акција за спасување на туѓи животи-истакна Ивана Ѓорѓиевска, од ОУ „Кочо Рацин“.

-Ние традиционално како клуб имаме свои акции но еве по втор пат заедно со ОУ Кочо Рацин, учествуваме во оваа акција која е за поздравување и клубот дава поддршка на сите хумани акции. Лично јас повеќе пати имам давано крв, нашите членови секако ќе дојдат и ќе учествуваат во оваа акција-посочи Тони Довенски, секретар Ротари клуб.

Волонтерите на општинската организација на Црвен крст, меѓу кои има и ученици од Кочо Рацин, денешната акција ја искористија и за проширување на мрежата меѓу ученици од осмо и деветто одделение. Наставниците посочија дека секогаш со задоволство учествуваат во ваквите акции.

– Оваа акција се повеќе е популарна, многу наставници се вклучуваме во неа, не знаеме да кого може да му затреба крв-истакна Марија Лититарова, наставник крводарител.

Акцијата започна во 10, а траеше до 15 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)