Крводарителска акција во СВР Куманово

60-тина вработени, но и пензионирани полициски службеници во СВР Куманово денеска беа дел од редовната крводарителска акција што се организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст од Куманово.  Денешните дарители на крв уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело.

-Деветти пат по ред дарувам крв и им порачувам на младите да бидат дел од овие крводарителски акции бидејќи на тој начин помагаат некому, изјави редовен крводарител

Дел од крводарителите од полицијата се повеќекратни дарители. Последниве години активно се вклучуваат и помладите припадници на полицијата. СВР Куманово традиционално организира три крводарителски акции годишно, во февруари, јуни и во октомври месец .

-Повеќе од 30 пати имам дарувано крв ,иако сум пензиониран секогаш се приклучувам на крводарителските акции во СВР Куманово,  изјави пензиониран крводарител

 Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)