Крводарителска акција во чест на Александар Ковачевски

Почитувачите на ликот и делото на Александар Ковачевски, негови колеги од министерството за одбрана, припадници на АРМ и членови на Здружението на армиските и полициските ветерани денеска беа дел од крводарителската акција , организирана во Клубот на ветераните „Христијан Тодоровски Карпош“.

-Ова е трета по ред крводарителска акција во чест на мојот покоен сопруг кој беше крводарител, член на ова Здружение на ветерани и беше доста хуман човек, сакаше да помага, даруваше крв. Првата акција беше во 2013 година после смртта на сопругот. Се надевам дека и понатаму ќе продолжи традицијата, а воедно би сакала да порачам  на идните генерации на генерации кои доаѓаат да даруваат крв, да бидат хумани, да помагаат, изјави Елизабета Ковачевска, сопруга на Александар Ковачевски

-Во соработка со семејството на починатиот Александар Ковачевски одлучивме  оваа акција да биде трајна, затоа Здружението донесе одлука која верувам дека и граѓаните, а и сите во РМ ќе ја поздрават бидејќи капката крв значи многу за сите, додека сме здрави мислиме дека никој ништо не ни може, меѓутоа сите сме од крв и од месо, изјави Љупчо Спасовски, потпретседател на Здружение на  армиски и полициски ветерани

Најголем дел од  учесниците на акцијата се и редовни крводарители.

-Целта е да не го заборавиле Ацо кој што беше голем работник, за неговата стручност нема што да зборувам сите знаат, дојдовме од Скопје да му оддадеме почит, да кажеме дека не сме го заборавиле и хуманоста негова да ја продолжиме изјави Борис Мартинов, крводарител од Министерство за одбрана

-Пред се, се приклучуваме на вакви акции за да спасиме нечиј живот, тоа ни е целта, изјави Мери Стојковска, крводарител од АРМ

-18 пати сум дарувал крв. Од почеток сум учесник на оваа акција бидејќи наш драг колега почина и по повод тој ден ние секогаш пред Први мај даруваме крв, многу драг пријател ,колега, добар, комуникативен, се најдобро би можел да кажам за него, изјави Серџан Сулејмановски, крводарител од Дирекција за заштита и спасување

На крводарителските акции во чест на Александар Ковачевски се собираат шеесетина единици крв. Вообичаено, од 25 до 30 припадници на АРМ  и до 35 членови на Здружението на армиски и полициски ветерани, колеги и пријатели на Ковачевски ја покажуваат хуманоста на дело со цел да не се заборави неговиот лик и дело.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)