Крводарителска акција денеска во ОУ „Кочо Рацин“

Во основното училиште „Кочо Рацин“ денеска ќе се одржи крводарителска акција. Акцијата која се организира втор пат е под мотото „Дарувај живот“, а се спроведува во соработка со Советот на родители, општинската организација на Црвен крст и Ротари клуб.

„Ги известуваме, а воедно и покануваме нашите почитувани родители, пријателите на училиштето, локалното население и сите хумани луѓе да се приклучат на акцијата“, стои во соопштението од училиштето.

Акцијата започнува во 10, а ќе трае до 15 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)