Крводарителска акција и изложба во „Крсте Мисирков“

Општинското основно училиште „Крсте Мисирков “ е пример за одличната соработка меѓу учениците , родителите, наставниците и општинската организација на црвениот крст од Куманово. Ова се потврди и денеска преку заедничко организирање на крводарителска акција и изложба на фотографии по повод одбележувањето на Неделата на црвениот крст во РМ. Во крводарителската акција се вклучија дел од наставниците и родителите, а околу триесет ученици од „Крсте Мисирков“  волонтираат во општинската организација на црвениот крст.

-Ние имаме долгогодишна соработка со црвениот крст . Секоја година организираме хуманитарни акции,  но оваа година за првпат училиштето зема учество во организација на активноста на дарување на крв. Стратешка цел на училиштето е годишно барем еднаш да се организираат вакви акции, изјави Бобан Поповски, директор на ООУ„Крсте Мисирков“

„Соработката со црвениот крст е повеќедецениска и порано се одвиваше на ниво на училиштето, но откако пред десетина години забележавме дека нашите активности можеме да ги прошириме , заедно со црвениот крст почнавме да организираме хуманитарни акции наменети за социјално ранливите категории и во руралните средини“ , посочува  професорот  Зоран Тасевски, кој е дел од седумчлената екипа вклучена во хуманитарните активности.

-Имаме изготвено своја програма врз основа на која ги реализираме активностите. Повеќето од датумите кои што се дадени од црвениот на РМ и ние ги одбележуваме,  изјави Зоран Тасевски, одделенски наставник

За плодната соработка со училиштето , но и за останатите активности кои што се реализирани по повод неделата на црвениот крст говори и волонтерот Сања Росевска.

-Можеме да кажеме дека имаме успешна соработка со нив и веќе години наназад заедно соработуваме во хуманитарни цели и донации , како и зголемување на волонтерското јадро на нашата општинска организација. изјави Сања Росевска, ОО на Црвен крст Куманово

Четириесетина вработени во училиштето, но и родители денеска беа дел од крводарителската акција. Сите со истата порака – со дарување крв помагаме некому , но и себе си.

-Кога има крводарителскa акција секогаш се приклучувам на акцијата бидејќи тоа е хумано, но и добро е за нашиот организам. Досега дваесет пати сум дарувал крв,  изјави Горан Стојанов, крводарител , вработен во училиштето

Со денешните активности општинската организација на црвениот крст го завршува одбележувањето на Неделата на црвениот крст.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)