Креирање локална стратегија за социјална инклузија

Здружението  на жени СИРМА  од Куманово  денеска организираше конференција за креирање на локална стратегија  за социјална инклузија  на млади и жени во рамки на проектот  „Македонска активна платформа за социјална инклузија – МАПСИ . Целта на конференцијата, како што посочува претседателката на СИРМА, Татјана Крстевска,  е да се соберат сите локални чинители кои ќе учествуваат во формирањето на локалната платформа за социјална инклузија на млади и жени на општина Куманово и истата  ќе претставува почетна точка за континуирана работа , креирање на база за понатамошна соработка и развој на дијалог.

– Проектот се одвива во 18 градови на РМ.  Целта е правење на локални стратегии во кои ќе бидат опфатени две целни групи, групата жени и групата млади, да се вмрежат разни институции од градот како би можеле да изготват што поквалитетна стратегија која понатаму ќе биде презентирана на локалниот совет и се надеваме дека ќе биде усвоена, изјави Татјана Крстевска, претседателка на ЗЖ „СИРМА “

Активностите на МАПСИ проектот се во насока на зајакнување на релевантните чинители –локална самоуправа, владини институции, невладини организации , бизнис заедница и слично во создавањето, спроведувањето и следење на програмите за социјална инклузија со посебен фокус на градење на партнерство, вмрежување и соработка.

-Ќе се одржат и наредни три работилници кои во групи ќе ја изработат стратегијата . Проектот завршува во мај месец со настан во Скопје на кој ќе бидат присутни сите локални чинители од 18-те општини кои што учествуават во изработка на националната стратегија која се надеваме дека ќе влезе и во националните програми на Владата на РМ, изјави Крстевска.

Проектот е поддржан од ЕУ со средства на ИПА компонентата за развој на човечки ресурси . Здружението СИРМА е локален партнер на оваа активност, дел од проектот МАПСИ кој го имплементира Институтот  за економски стратегии и меѓународни односи  од  Охрид и партнерската организација  Македонско женско лоби од Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)