„Крепост“ донираше на семејството Хелдовиќ од Средорек

Хуманитарната организација „Крепост“ денеска донираше пакети со храна на седумчленото семејство Хелдовиќ од ромската населба Средорек, чиј дом вчера беше опожарен. Во пожарот за кој информираше телевизија Плус, целосно беше оштетена една од двете соби, во кои што живее триесет и двегодишниот Суад со своите шест деца. Претседателот на организацијата, Христијан Георгиевски се надева дека оваа донација ќе биде поттик и за останатите хумани граѓани.

– Дониравме пакет производи во храна и други потребни средства во овие најтешки мигови што треба да биде и упатуваме најголем апел до сите хумани граѓани на Куманово и поголеми фирми да им излеземе во пресред за да го обноват овој дом, загубата е ненадоместлива некои спомени никогаш не може да ги вратат но да застанат на свои нозе и да продолжат по патот да излезат овие мали деца да бидат истакнати членови во нашето семесјтво и во иднина-истакна Георгиевски.

Седумчленото семејство Хелдовиќ живее од социјална помош, која изнесува само 3.000 денари.  Суад кој се заблагодари за донацијата,  се надева дека со помош на граѓани, но и  надлежните ќе може да обезбеди пристоен дом за своите деца.

-Како што гледате се е изгорено, и ги молам сите граѓани колку што можат да помогнат, јас сум благодарен за тоа, навистина немам од каде од една социјална помош живееме седум членови се во куќа не знам што да кажам бидејќи од вчера сум многу вознемирен-истакна тој.

Тој раскажа дека пожарот се случил околу 6 часот наутро а во собата спиел неговиот 15-годишен син.

-Син ми беше во собата, тој има 15 години сега се кај мајка ми траума има, вознемирен е  нормално и  јас сум, добро што се спасивме, не е  повреден, косата само малку му е изгорена-посочи таткото на шестте деца.

Хуманитарната организација Крепост обезбеди уште десет пакети за социјално загрозени категории граѓани, кои ќе бидат доделени наредниве денови. Тие апелираат граѓаните да не им вртат грб на овие лица, туку да им излезат во пресред кога им е најтешко.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)