„Крепост“ и „Сума“ собираат помош за Скопје

Хуманитарната организација Крепост во соработка со трговскиот центар Сума денеска и утре организира акција за собирање помош за поплавените семејства во скопскиот регион. Организаторите истакнаа дека се задоволни од досегашниот одзив на граѓаните.

-Акцијата е во три дела првиот е со продажба на маици со логото на Крепост по симболична цена од 200 денари, втората е финансиска кутија и донација за оние луѓе кои не можат да обезбедат прехранбени продукти, кои ние ќе купиме и ќе ги доставиме за загрозените подрачја во Скопје. И третата е преку собирање на прехранбени производи, козенрвирана храна, пелени за дечиња и се она што им треба на луѓето сега-истакна Христијан Георгиевски, Крепост.

Акциите започнуваат во 9 наутро а ќе траат до 22 часот. Инаку Крепост која постои веќе две години,  организира различни акции зависно од намената на кумановци. Тие во наредниот период треба да се прошират и во Скопје.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)