„Крепост“ собира донации за семејство од Враготурце

Хуманитарната организација Крепост во пресред на новогодишните празници ќе подели помош на неколку семејства кои живеат во руралните средини околу Куманово. Тие ќе донираат и на осумчленото семејство Младеновски од село Враготурце кое покрај здравствени, има и вистински егзистенцијални проблеми.

-Се работи за осумчлено семејство со проблеми со видот, дел од членовите се слепи, на работ на егзистенцијата се со многу слаба финансиска ситуација живеат во трошна куќа од кои што имаат едно девојче Еленора кое е прваче и пешачи по 10-ина километри за да стигне до училиште. Поттик и подгвиг на едно мало вакво девојче  е за пофалба така што Крепост ќе направи една хуманитарна акција на ова семесјтво и на другите што ќе ги затече на лице место во оваа рурална средина во Враготурце-посочи првиот човек на организацијата Христијан Георгиевски.

Донирањето започна од понеделник, а членовите на Крепост за време на викендов ќе ги достават хуманитарните пакети. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да помогнат без оглед дали се работи за  финансиски средства, или облека, храна, перници, тоа може да го достават до црквата Свети Никола најдоцна до утре.

-Верувајте од сликите што ги видовме и во разговор со луѓето што ги познаваат се работи за навистина семејство кое многу тешко опстојува особено во едни такви услови такво село кое е многу одалечено од Куманово, особено во сегашните временски услови кои се речиси до минус осум степени да ги израдуваме најмалите кои сепак ќе бидат нови носители на оваа општествена заедница и тие да помагаат и така да продолжи оваа хуманитарна акција на Крепост-посочи тој.

Оваа хуманитарна организација  досега има организирано над 500 акции. Членови на Крепост се луѓе од најразлични профили, работници, адвокати, судии, инспектори, полицијаци и директори.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)