„Крепост“ со божиќни пакетчиња за сиромашни граѓани

Хуманитарното здружение „Крепост“ за Бадник додели божиќни пакетчиња на 12 социјално загрозени семејства од градот. Донацијата се состоеше од храна, овошје и зеленчук, а има за цел да ја збогати традиционална бадникова трпеза на овие категорија граѓани. Од организацијата потенцираат дека на ваквите големи христијански празници, граѓаните не треба да ги забораваат лицата кои се во лоша економска состојба.

-Tрадиционалната бадникова трпеза со овошје, зеленчук, грав, компири, за повеќе семејства поточно 12 од кои 3-4 беа многудетни со 4 до 5 деца, имаше семејства со болен родители, или дете, останатите социјално загрозени. Kога човек нема ништо, сосема малку нему му претставува се, особено во услови кога сите се радуваат и има празнична еуфорија а тие немаат ништо, и кога ќе се појави некој на врати со пакетче или донација во храна, особено најмладите тоа е едно чувство што не може да се опише, трчаат по нас, се заблагодаруваат по улица-вели Христијан Георгиевски, од Крепост.

Од Крепост истакнаа дека имаат одлична соработка со Центарот за социјални работи, кој постојано ги известуваа за граѓани  на кои им е потребна помош.

-На списокот на Крепост се околу 45 семејства, на кои им се помага редовно оние што се позагрозени почесто, некои семејства застануваат на нозе, со насмевка излегуваат од нашиот список, наоѓаат работа, подобра перспектива, така што мислам дека Крепост игра важна улога во социјалниот аспект на општина Куманово и да има и вакви повеќе организации а и сите граѓани да бидат што похуимани-додаде Георгиевски.

Георгиевски истакна дека во 2015 имале помалку донации за разлика  од претходните години. Тој се надева дека во 2016-та кумановци ќе бидат похумани и ќе им помагаат на своите сограѓани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)