Кривични пријави против вработени во Водостопанство

Директорот на Водостопанство „Кумановско – липковско поле“  , Оливер Илиевски денеска поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство против три лица, вработени во јавното претпријатие, за како што потенцираше,  милионски проневери во претпријатието. Илиевски се сомнева дека тројцата се уште вработени во претпријатието, во текот на 2016-та и 2017-та година сториле кривични дела по неколку членови од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, и тоа „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување,  „Измама во служба“, „Фалсификување на службена исправа“,„Проневера во служба“ , „Несовесно работење“,  „Фалсификување или уништување на деловни книги“, „Фалсификување на исправа“ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“.

– Поради презумпција на невиност можам само да ги кажам нивните иницијали, тоа се вработените Ф.Ф., С.Ѓ. и С.Л. Има повеќе видови на материјали, од ХТЗ опрема, преку песоци, преку цемент, преку шибери, спојки, имате таму доделени на вработен кој работи во одржување на системот 485 спојки во ист ден, за секоја спојка тој треба да направи ископ, да ја намести и да направи поткопување на канал. Овие лица толку бескрупулозно на грбот на вработените грабеле и пљачкосувале, ова е само една од неколкуте кривични приајви кои ќе ги поднесеме во следниот период.  Оваа група изготвила лажни документи за прием на стоки и материјали во магацин на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ со фалсификувани потписи на магационер, потоа истата група изготвила лажни документи за испратница од магацин со фалсификувани потписи на магационер и фалсификувани потписи на сите вработени. Истите стоки никогаш не се пристигнати во магацините на Водостопанство. Сите вработени, освен горепријавените имаат дадено изјава со која потврдуваат дека испратниците се фалсификувани, дека тоа не се нивни потписи и дека никогаш не примиле такви материјали, изјави Оливер Илиевски, директор на АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ .

Илиевски најави дека ќе се истражува дали и претходните години имало евентуални други злоупотреби.

Против тројцата вработени освен што се поднесени кривични пријави, отворени се и дисциплински постапки во самото претпријатие.

– Вкупната проневера е во милионски суми. Секоја ставка одделно кога ќе завршиме со сите пријави ќе ви ја кажеме секоја ставка одделно. Ние денеска поднесовме прва пријава очекуваме за месец- два да ги средиме и другите, изјави Илиевски.

Споредувајќи ги трошоците со претходните години , директорот на „Кумановско -липковско поле“  вели дека наишле на огромни разлики при што спровеле интерна истрага во претпријатието и утврдиле дека станува збор за проневера на пари, но и како што рече, уништување на документација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)