Кривопаланчани бараат полицискиот час за нив да биде од 19 часот

Општинскиот кризен штаб од Крива Паланка бара полицискиот час да започнува од 19 часот, наместо од 22 часот. Ова барање е упатено до Централниот кризен штаб поради алармантната состојба во општината и се поголемиот број на новозаболени.

Донесена е и препорака ОВР Крива Паланка да продолжи со редовни контроли со физичко присуство кај заболените и изолирани лица, а не селективно, и да постапуват поригорозно во однос на изрекување на рестриктивни казнени мерки за непочитувачите на забраната и наметнатите задолженија и обврски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)