КУД „Панче Пешев“ активно го подготвува вториот меѓународен фолклорен фестивал

Културно уметничкото друштво Панче Пешев активно работи на подоготвки на вториот меѓународен фолклорен фестивал. Ова го истакна при гостувањето во телевизија Плус, уметничкото директор Мирослав Крстевски, кој нагласи дека се подготвува уште поголем фестивал, со настап на квалитетни групи од Мексико, Бразил, Грузија, Северен Кипар, Црна Гора и Хрватска.  

-Ние сме веќе при крај со подготовките за наредниот фестивал, вториот фестивал на кој ќе учествуваат навистина квалитетни групи од Мексико, Порторико или Бразил, Грузија и Северен Кипар и од нашите соседи Црна Гора и Хрватска, уште не сме договорени кој ќе биде на отворање и затворање, но се е договорено, конкуриравме и до општината, Министерството за култура, ова е се првите информации, кој навистина ќе побуди многу поголем интерес, со учество на над 450 ученици ќе трае 4 дена, ќе биде на плоштадот, како што се организираат сите светски фолклорни фестивали-нагласи тој.

Коментари

коментар(и)