КУД „Панче Пешев“ на фолклорна смотра во Косовска Митровица

Културно-уметничкото друштво Панче Пешев од 21-ви до 24-ти јуни, настапи на Меѓународната фолклорна смотра во Косовска Митровица.

Оваа смотра се одржува по 25-ти пат и како јубилејна оваа година на неа беа поканети сите досегашни добитници на ГРАНД При награди.  Учествуваа 10 друштва од просторот на поранешна Југославија.

Оваа година настанот не беше од натпреварувачки карактер, туку сите учесници добија пехар, плакета и фестивалско знаме.  КУД Панче Пешев веќе неколку години настапува на оваа фолклорна смотра, а оваа година учествуваше со женската игра Водарки и сплет од игри и песни Куманово.

Коментари

коментар(и)