КУД „Панче Пешев“ се подготвува за деведесет годишниот јубилеј

Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ деновиве се подготвува за прославување на деведесет годишниот јубилеј од постоење на друштвотото кој што би требало да се одржи во втората половина на месецот октомври и ќе трае три дена. Во тек се организациските подготовки, кои што опфаќаат регулирање на самиот настан. Од друштвото посочија дека првата вечер ќе има богата културно уметничка програма во чии што рамки ќе настапат пет ансамбли: Панче Пешев како домаќин, ансамлбот Битола од Битола, Етнос од Скопје како и два ансамбли од збратимени градови на Куманово од Србија или Бугарија. Вториот ден ќе биде одржана промоција на монографијата чија што подготовка е во тек, во холот на центарот за култура, а навечер со почеток од 19 часот ќе има етно изложба на активности на КУД „Панче Пешев“ каде што ќе бидат претставени меѓународните дипломи, признанија, народни носии на друштвото. Потоа во 19 и 30 ќе биде одржана свечена академија каде што свои говори ќе одржат градоначалникот на општината како покровител на манифестацијата, претседателот на одборот и претседателот на КУД „Панче Пешев“. Третиот ден ќе биде посветен на истакнати членови и помагатели на друштвото на кои што ќе им бидат доделени дипломи и благодарници. Исто така присутни ќе бидат и гости од Меѓународниот совет на организации на фолклорни фестивали, ЦИОФ, пријатели на друштвото од Европа како и од министерството за култура кое што исто така е покровител на манифестацијата.

-Ние имаме мала средна и голема група. Верувам дека ќе пуштиме на самата свечена академија еден мал дел од помалите, па средните. Ќе оставиме простора за самите гости кои ќе бидат, за присуните и за естрадните уменици. Ќе има говори на градонаачлчникот и претседателите, можеби и некој од амбасадорите. Првата вечер ќе настапиме со две кореографии од кумановскиот крај и една од друг дел на Македонија. Исто така ќе земат учество и други културни друштва со други корегорафии , вели Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“

Од Друштвото посочија дека од голема важност е подготвувањето на монофрафијата која што е трета по ред и веќе станува традиционална бидејќи се објавува на секои десет години. За друштвото своја реч на свечената академија ќе земе и професорот Драган Даутовски.

-За КУД „Панче Пешев“ досега објавивме две монографии, сега е во подготовка трета за последните 10 години и сметам дека оние што ги интересира како, што, кога е формирано далечната 26та година, сигурно знаат точно. Знаат дека до 41ва година друштвото се викало „Абрашевиќ“ дека КУД„ Панче Пешев“ го добива по Втората Светска Војна кога Панче Пешев како еден од главните членови, организатори, гине во војната, и по него бидејќи бил еден од најактивните членови, 46та година друштвото почнува да работи како КУД „Панче Пешев“ што е добар гест, вели Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“

Покрај подготовките за деведесет годишниот јубилеј од друштвото со почеток од септември ќе вршат и редовни годишни уписи кои ќе траат до први октомври, а уписите ќе се одвиваат во зградата во гимназискиот двор, секој работен ден од 18 до 20 часот.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)