КУД „Ѓоко Симоновски“ за Илинден во Петралица

По повод 2-ри август, Илинден, КУД „Ѓоко Симоновски“, при Здружението на пензионери, со едночасовна програма ќе настапи на манифестацијата, која што ја организира црковен при село Петралица, во општина Ранковце. Пред тамошната публика кумановските пензионери ќе се претстават со хор, солисти, дуети, и фолклор.

-Неуморни сме на други места каде што учествуваме, на републички, регионални ревии, велат идат кумановци, тие се како шлаг на торта, заради тоа што ние сме едно од најдобрите здруженија, единствени што 15 сплета, што ги игра Панче Пешев, Срма, па дури и Танец-изјави Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.

Тие раскажуваат дека патувањето не им претставува проблем, туку запознавање други културно уметнички друштва и можност за дружба.

-Сите што имаат афинитет, желба, што во млади години биле спортисти, играорци сите доаѓаат кај нас и се вклучуваат во нашите секции-додаде таа.

Здружението на пензионери Куманово активно учествува и во спортските натпреварувања. Нивните членови се натпреваруваат во 21 дисциплини, меѓу кои стрелаштво, домино, шах, табла, но и во атлетика.

На неодамнешниот регионален натпревар во Гиновце, тие освоија 13 први места, а на 4-ти септември ќе учествуваат на 20-те републички спротиски натпревари, кои ќе се одржат во Скопје. Инаку на 27-ми август, КУД Ѓоко Симоновски со богата културно уметничка програма ќе настапи на фестивалот во Македонска Каменица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)