Културниот живот на незадоволително ниво

Скоро и да изумира културниот живот во Куманово, а тоа го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика која покажува дека во текот на изминатата година биле проектирани само седум филмови, од кои сите од странски продукции, а биле одиграни 14 претстави.

Поголемиот дел од филмовите беа прикажани во текот на германските и шпанските денови на филмот, кои се реализираа со помош на амбасадите на овие две земји во соработка со Македонскиот културен центар.

Нешто поголем е бројот на кинопретставите. Биле одиграни вкупно 14 во текот на 2016 година, а бројот на посетители изнесувал 3.307 преку скромниот број претстави и проектирани филмови.

Театар Куманово во текот на целата година преку Министерството за култура добива пари за скромни четири претстави од кои две на македонски и две на албански јазик.

Единствена светла точка на културата во Куманово се „Деновите на комедија“ каде се прикажуваат поголем број претстави од градовите во Македонија, но и неколку од државите во регионот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)